HE4 – Нов туморски маркер за рана дијагноза и следење на третман на епителијален карцином на овариум

novosti3HE4 (хуман епидидимис протеин) како поединечен туморски маркер НЕ4 може да се примени во рана дијагноза на карциномот на овариум затоа што покажува најголема осетливост посебно во првиот стадиум (кој е неспецифичен и асимптоматски) НЕ4 во комбинација со СА 125 дава највисока осетливост со највисока специфичност во дијагнозата на карциномот на овариум. Во комбинација со СА124, НЕ4 може да помогне во утврдувањето дали туморската маса во малата карлица е бенигна или малигна, како кај пременопаузалните така и кај постменопаузалните жени.

НЕ4 е туморски маркер познат и како WDFC2 и припаѓа на acidic for-disulfide core (WFDC) протеини. Има молекулска маса од 13kD и во неговата финална форма е гликозилиран со големина од 25 kD, со еден пептиден ланец со два WDFC домени. Неговата експресија е ограничена на одредени хистопатолошки подтипови : кај 93% од серозните и 100% од ендометријалните епителијални карциноми на овариум, додека кај клеточниот е 50% и кај муцинозниот оваријален карцином е 0%. Како поединечен туморски маркер НЕ4 може да се примени во рана дијагноза на карциномот на овариум затоа што покажува најголема осетливост посебно во првиот стадиум ( кој е неспецифичен и асимптоматски) НЕ4 во комбинација со СА 125 дава највисока осетливост со највисока специфичност во дијагнозата на карциномот на овариум. Во комбинација со СА124, НЕ4 може да помогне во утврдувањето дали туморската маса во малата карлица е бенигна или малигна, како кај пременопаузалните така и кај постменопаузалните жени.
НЕ4 корелира со клиничкиот одговор на терапијата кај пациенти со дијагностициран карцином и затоа е добар маркер за следење на терапискиот ефект. Истотака НЕ4 може да биде еден од раните индикатори за рекуренца ( враќање) на болеста.

CA 125 + HE4 → стратификација на ризикот со ROMA калкулатор

  • Алгоритамот за процена на ризикот од оваријален карцином (Risk of Ovarian Malignancy Algorithm -ROMA) врши стратификација на жените дали се со висок или низок ризик од присуство на епителијален оваријален карцином
  • Алгоритамот го зема во предвид менопаузалниот статус на пациентката и преоперативните концентрации на серумските НЕ4 и СА125
  • Во формулата се вклучени концентрациите на НЕ4 и СА125 со тоа што кај пременопаузалните жени поголемо влијание има НЕ4, затоа што СА125 кај овие пациентки често епокачен заради некои бенигни заболување.

Очекувани вредности за НЕ4

  • 96% од веројатно здравите жени во пременопауза имаат вредности под 70 pmol/L
  • 95% од веројатно здравите жени во постменопауза имаат вредности под 140pmol/L

ROMA вредности

Пременопаузални жени

  • ROMA > 7.4% = висок ризик од постоење епителен оваријален карцином
  • ROMA <7.4% = низок ризик од постоење епителен оваријален карцином

Постменопаузални жени

  • ROMA > 25.3% = висок ризик од постоење епителен оваријален карцином
  • ROMA < 25.3% = низок ризик од постоење епителен оваријален карцином

Интернет страници со клинички информации

Fujeribio антитела за HE4:

Најзначајни клинички студии

Филмови за кациномот на овариум, примена на СА125 и НЕ4 во стратификацијата на ризик