NGAL – Биомаркер за рана детекција на акутно бубрежнио оштетување

novosti-1Протеинот припаѓа на суперфамилијата на липокалини, а неговата концентација во урина расте 1 до 2 дена пред порастот на серумскиот креатинин. Неговата експресија драматично се зголемува кај исхемично или нефротоксично оштетување на тубулите. Особено е корисно да се одреди по бубрежна трансплантација, бидејќи може да ја предвиди функцијата на графтот и неговото преживување.

NGAL (NEUTROPHIL GELATINASE-ASSOCIATED LIPOCALIN)

NGAL е протеин кој припаѓа на суперфамилијата на липокалини , за прв пат откриени во активирани неутрофили. NGAL е мала молекула со молекуларна маса од 25 кD која истотака се наоѓа и во некои ткива како бубрежните тубули. Уринарниот NGAL примарно потекнува од епителните клетки на дисталните тубули, тенкиот асцендентен крак на Хенлеовата петелка и собирниот канал.
Неговата експресија драматично се зголемува кај исхемично или нефротоксично оштетување на тубулите.
Сегашната клиничка пракса го користи покаченото ниво на креатинин за да се дијагностицира акутно бубрежно оштетување, но креатининот не е корисен за рана дијагноза. NGAL може да се користи во детекција на акутно бубрежно оштетување во раните фази на следните заболувања:

  • После бубрежна трансплантација (ја предвидува функцијата на графтот и неговото преживување)
  • После операции со кардиопулмонален бајпас кај деца и возрасни ( се следи степенот на бубрежното оштетување)
  • После перкутани коронарни интрервенции ( PCI )
  • Критично болни пациенти во итните оддели или единици за интензивна нега (срцева слабост, сепса, мултиорганско оштетување) каде инцинденцата за појава на акутно бубрежно оштетување е до 50%
  • Болни со хронична бубрежна инсуфициенција (кај болни со хронична бубрежна болест заради бубрежна дисплазија, опструктивна уропатија и гломеруларни или цистични болести, плазматскиот NGAL е инверзен на гломеруларната филтрација)
  • NGAL се покажал и како предиктивен биомаркер за нефротоксичност (особено при примена на контрастни средства)