Упатство за пациенти

Како да се подготвите за земање биолошки материјал

  • за повеќето лабораториски испитувања на крв неопходно е земање на примерок наутро (на празен стомак) 12 часа по последниот оброк;
  • пред вадењето на крв да не се земаат лекови (во договор со лекар) и препарати кои би влијаеле на резултатите;
  • да се избегнува интензивна физичка активност 2 дена пред земање на крв;
  • се препорачува времето помеѓу земањето на лек и вадењето на крв за протромбински време-ПТ да биде 12 часа. Внес на храна со зголемена содржина на витамин К и внес на други лекови може да влијае на резултатот;
  • за хемиски преглед на урина и седимент неопходно е да се земе првата утринска урина во чист сад и во најкраток можен рок (до 2 часа) да се донесе во лабораторијата или да се чува во фрижидер ( или соодветен сад на +4ºЦ) до доаѓањето во лабораторијата;
  • за анализа на 24/часовна урина потребно е да се испие околу 1,5л вода и измокрената урината да се собира во чист сад.

Подготовка при одредување липиден статус

Биолошкиот материјал е венска крв

48 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • да не се конзумира алкохол
  • да се избегнува зголемена физичка активност

24 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • конзумирајте вообичаена, но не премасна храна

12 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • после 19 часот предходниот ден да не се конзумира храна, алкохол, кафе

Одредувањето на холестерол не би требало да се врши пред да поминат 8 недели од:

  • акутен миокарден инфарк
  • трауми или хируршки операции
  • акутни бактериски или вирусни инфекции

Подготовка за изведување ОГТТ (орален глукоза толеранс тест)

Три дена пред изведба на тестот треба да се конзумира храна збогатена со јаглени хидрати ( 150 – 300 гр. дневно или 1,75 гр. на јаглени хидрати / кг. телесна маса) дневно. Ден пред изведба на тестот 8-12 часа не смеете да внесувате храна, да пушите, и физички да се оптоварувате. 30 мин. пред изведба на тестот треба да мирувате.

постапка на изведување на ОГТТ:

  1. Се зема утрински биолошки материјал- венска или капиларна крв ( од прст) на гладно
  2. Веднаш по земање на материјалот ви се дава да испиете 75 гр. глукоза растворена во 250 мл. вода
  3. По 60 минути од оптоварувањето со глукоза ви се зема крв
  4. По 120 минути од првото земање, повторно се зема крв
  5. Во сите примероци се одредува концентрацијата на глукоза во крвта

Постапка за собирање на 24-часовна урина за одредување на:

  • ВКУПНИ ПРОТЕИНИ
  • УРЕА, КРЕАТИНИН, МОЧНА КИСЕЛИНА
  • НАТРИУМ, КАЛИУМ, ВКУПЕН КАЛЦИУМ, МАГНЕЗИУМ, ФОСФАТИ, ХЛОРИДИ

24-часовната урина се собира во еден чист и сув сад (препорачливо од флаширана негазирана вода, со волумен соодветен на измокрената урина).

  1. Собирање на 24-часовната урина:

    Прв ден:

    • Наутро по станувањето, првата урина што ќе се измокри се фрла
    • Потоа целокупната количина на измокрена урина во текот на денот и ноќта се собира во чисти садови

    Вториот ден:

    • Наутро по станувањето се мокри и таа урина се става во собраната урина во чистиот сад од предходниот ден

Важно: Целокупната количина на собраната урина да се донесе истиот ден од 7.30-10.00 часот во нашата лабораторија

Постапка за собирање на 24-часовна урина за анализа на 5-хидрокси индол оцетна киселина (5-ХИАА)

  1. Подготовка:
    • 2 дена пред отпочнување со собирање на урината да не се конзумираат: банани, киви, лешници, ореви
    • 24-часовната урина се собира во темен сад со конзерванс кој се подига во нашата лабораторија секој работен ден од 7.30-10.00 часот
    • Мокрењето се врши во сув и чист сад а потоа се префрла во темниот сад со конзерванс
    • За време на собирањето на 24-часовната урина, темниот сад со конзервансот се чува на студено место
  2. Собирање на 24-часовната урина:

    Прв ден:

    • Наутро по станувањето, првата урина што ќе се измокри се фрла
    • Потоа целокупната количина на измокрена урина во текот на денот и ноќта се собира во темниот сад со конзерванс

    Вториот ден:

    • Наутро по станувањето се мокри и таа урина се става во собраната урина во темниот сад од предходниот ден

Важно: Целокупната количина на собраната урина да се донесе истиот ден од 7.30-10.00 часот во нашата лабораторија

Постапка за собирање урина за изработка на ВМА и метанефрин

За изработка на овие анализи потребна е 24-часовна урина собрана на следниот начин:
Урината се собира во темен сад со конзерванс во кој однапред се додава 10мл 37% ХЦЛ(се добива од лабораторија).
Пред да се започне со собирање на 24-часовната урина се држи диета 3 дена. Диетата се однесува на неконзумирање на состојки кои содржат ванилин (банани, кафе, чај, какао, чоколадо, ореви, лимон, портокал) и терапија од типот на метилдопа.

Собирање на 24-часовната урина:

Прв ден:

  • Наутро по станувањето, првата урина што ќе се измокри се фрла
  • Потоа целокупната количина на измокрена урина во текот на денот и ноќта се собира во темниот сад со конзерванс

Вториот ден:

  • Наутро по станувањето се мокри и таа урина се става во собраната урина во темниот сад од предходниот ден

Важно: Целокупната количина на собраната урина да се донесе истиот ден од 7.30-10.00 часот во нашата лабораторија