Услуги

Клиенти

Наши клиенти се сите државјани на Р Македонија (осигуреници на ФЗОМ со валиден упат, како и неосигурени лица), странци, клиниките од кампусот ,,Мајка Тереза’’, јавни и приватни здравствени организации.

Услуги

Во нашите лаборатории одредуваме:

  • широка палета аналити, согласно обрасците ЛУ1 и ЛУ2, дефинирани од ФЗОМ
  • Лабораториски упат 1 (ЛУ1) издава матичен лекар – ЛУ1 Листа
  • Лабораториски упат 2 (ЛУ2) издава лекар специјалист – ги опфаќа сите лабораториски анализи – ЛУ2 Листа
  • Лабораториски упат 2 (ЛУ2) издава матичен гинеколог специјалист – опфаќа само хормони и туморски маркери
  • Упат за сервисни услуги издава лекар специјалист за хоспитализирани пациенти – ги опфаќа сите лабораториски анализи

Специфични анализи

  • хемиска анализа на бубрежни и жолчни камчиња
  • концентрација на AКE ( ангиотензин конвертирачки ензим), ванилманделична киселина и метанефрин, единствени во јавното здравство во Р Македонија
  • палета на специфични протеини во серум и урина, значајни за рано откривање на бубрежни заболувањa
  • туморски маркери
  • имуносупресиви

Овозможуваме бесплатни консултации

uslugi со специјалисти по медицинска биохемија, толкување на резултатите и значењето на анализите.

По лично барање на пациентот, без упат и во консултација со нашите специјалисти, ги изработуваме потребните анализи според принципот на рационалност и медицина базирана на докази

Време на земање примерок за анализа

Се препорачува примероците да се земаат наутро за следниве испитувања:

  • урина (биохемија и седимент)
  • гликоза (на гладно)
  • ОГТТ (на гладно)
  • липиден статус (на гладно)
  • железо ( на гладно)
  • остеокалцин (на гладно)
  • β cross – laps ( на гладно)
  • паратхормон
  • витамин B12 (на гладно)
  • фолна киселина (на гладно)
  • кортизол

За репродуктивните хормони примерок се зема во одреден период од менструалниот циклус, според препорака од лекар