Лабораторија опремена од Министерството за образование во рамките на проектот:
,,Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност”

Располага со најсовремена опрема за одредување на специфични протеини во серум и урина, важни за проценка на локализација на бубрежната дисфункција. Одредувањето на гломеруларна филтрациона рата во фазата на почетни, асимтоматски промени на бубрежната функција, придонесува за превенција на компликувани, хронични бубрежни заболувања.
Cystatin C – осетлив маркер за проценка на гломеруларна филтрација
Одредувањето на креатинин во серум е традиционален лабораториски тест за проценка на функцијата на бубрезите, но е несоодветен за откривање на благо ренално оштетување, Освен ова, неговите вредности може да варираат во зависност од мускулната маса, полот и протеинскиот внес. Понов биомаркер за проценка на ГФР е Цѕстатин Ц кој има ниска молекуларна тежина и неговите вредности се помалку зависни од возраста, полот, расата и мускулната маса.
Цѕстатин Ц се остранува од крвотокот преку гломеруларната филтрација и нарушувањето на бубрежната функција и гломеруларната филтрација резултираат со зголемувањена неговите серумски вредности. Вредностите на Цѕстатин Ц може да предвидат ризик од развој на хронична бубрежна инсуфициенција, а со тоа и сигнализација за состојба на “предклиничка” бубрежна дисфункција.
β2 микроглобулин
Концентрациите на овој протеин во крв и урина се користиат за проценка на локализацијата на бубрежно оштетување, каде треба да се направи разлика помеѓу нарушувањата кои влијаат на гломерулите или на бубрежните тубули. Имено зголемување на нивото на овој биомаркер во крвта, а ниското ниво во урината укажува дека нарушувањето е поврзано со гломеруларна дисфункција. Ако вредностите на β2микроглобулин се ниски во крвта, а високи во урината тогаш веројатно пациентот има бубрежно тубуларно оштетување. Овој биомаркер може да се одредува и кај лица кои имале трансплантација на бубрег, за детекција на знаци за бубрежно отфрлање.
Зголемените вредности на β2микроглобулин кои се најдени во урината кај луѓе со оштетување на бубрезите, предизвикано од висока изложеност на тешки метали како кадмиум и жива, укажуваат на корисноста од периодично одредување на овој биомаркер кај работниците од индустријата, хронично изложени на нивното дејство. Кај нив би можело да се открие почетно оштетување на бубрежната функција, и да се преземат соодветни мерки.
Алфа2макроглобулин (А2М)
Биомаркер кој се одредува во серум за диференцијална дијагноза на нефротски синдром, а неговата зголемена концентрација во урина укажува на тубуларна протеинурија.