Клиенти
Наши клиенти се сите државјани на Р Македонија (осигуреници на ФЗОМ со валиден упат, како и неосигурени лица), странци, клиниките од кампусот ,,Мајка Тереза’’, јавни и приватни здравствени организации.
Услуги
Во нашите лаборатории одредуваме:
- широка палета аналити, согласно обрасците ЛУ1 и ЛУ2, дефинирани од ФЗОМ
- Лабораториски упат 1 (ЛУ1) издава матичен лекар – ЛУ1 Листа
- Лабораториски упат 2 (ЛУ2) издава лекар специјалист – ги опфаќа сите лабораториски анализи – ЛУ2 Листа
- Лабораториски упат 2 (ЛУ2) издава матичен гинеколог специјалист – опфаќа само хормони и туморски маркери
- Упат за сервисни услуги издава лекар специјалист за хоспитализирани пациенти – ги опфаќа сите лабораториски анализи
Специфични анализи
- хемиска анализа на бубрежни и жолчни камчиња
- концентрација на AКE ( ангиотензин конвертирачки ензим), ванилманделична киселина и метанефрин, единствени во јавното здравство во Р Македонија
- палета на специфични протеини во серум и урина, значајни за рано откривање на бубрежни заболувањa
- туморски маркери
- имуносупресиви
Овозможуваме бесплатни консултации

со специјалисти по медицинска биохемија, толкување на резултатите и значењето на анализите.
По лично барање на пациентот, без упат и во консултација со нашите специјалисти, ги изработуваме потребните анализи според принципот на рационалност и медицина базирана на докази
Време на земање примерок за анализа
Се препорачува примероците да се земаат наутро за следниве испитувања:
- урина (биохемија и седимент)
- гликоза (на гладно)
- ОГТТ (на гладно)
- липиден статус (на гладно)
- железо ( на гладно)
- остеокалцин (на гладно)
- β cross – laps ( на гладно)
- паратхормон
- витамин B12 (на гладно)
- фолна киселина (на гладно)
- кортизол
За репродуктивните хормони примерок се зема во одреден период од менструалниот циклус, според препорака од лекар