Упатство за пациенти

Прв пат на лабораториски испитување?

Подолу имате упатство како да се припремите за лабораториско испитувања на Универзитетски институт за клиничка биохемија.

  • за повеќето лабораториски испитувања на крв неопходно е земање на примерок наутро (на празен стомак) 12 часа по последниот оброк;
  • пред вадењето на крв да не се земаат лекови (во договор со лекар) и препарати кои би влијаеле на резултатите;
  • да се избегнува интензивна физичка активност 2 дена пред земање на крв;
  • се препорачува времето помеѓу земањето на лек и вадењето на крв за протромбински време-ПТ да биде 12 часа. Внес на храна со зголемена содржина на витамин К и внес на други лекови може да влијае на резултатот;
  • за хемиски преглед на урина и седимент неопходно е да се земе првата утринска урина во чист сад и во најкраток можен рок (до 2 часа) да се донесе во лабораторијата или да се чува во фрижидер ( или соодветен сад на +4ºЦ) до доаѓањето во лабораторијата;
  • за анализа на 24/часовна урина потребно е да се испие околу 1,5л вода и измокрената урината да се собира во чист сад.

Биолошкиот материјал е венска крв 48 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • да не се конзумира алкохол
  • да се избегнува зголемена физичка активност

24 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • конзумирајте вообичаена, но не премасна храна

12 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • после 19 часот предходниот ден да не се конзумира храна, алкохол, кафе

Одредувањето на холестерол не би требало да се врши пред да поминат 8 недели од:

  • акутен миокарден инфарк
  • трауми или хируршки операции
  • акутни бактериски или вирусни инфекции

ВО ЈЗУ УИ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА АНАЛИЗАТА ОГТТ (ОРАЛЕН ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ) СЕ РАБОТИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН СО ПРЕДХОДНО ЗАКАЖУВАЊЕ ОД 07.30 ДО 10.00 ЧАСОТ.

ТЕСТОТ СЕ ПОЧНУВА НАУТРО, во 08.00 ЧАСОТ.

Подготовка на пациентот  за изведување ОГТТ (орален глукоза толеранс тест)

Три дена пред изведба на тестот треба да се конзумира храна збогатена со јаглени хидрати ( 150 – 300 гр. дневно или 1,75 гр. на јаглени хидрати / кг. телесна маса) дневно.

  • Привремено треба да престане да зема витамини и глукокортикоиди, во договор со лекарот мозе да дојде до привремен прекин на терапијата
  • Ден пред изведба на тестот 8-12 часа не смее да се внесува храна, да се избегнува пушење и физичко оптеретување. 30 мин. пред изведба на тестот  препорачливо е мирување.
  • Се зема утрински биолошки материјал- венска или капиларна крв на гладно

 

  • Се зема утрински биолошки материјал- венска или капиларна крв ( од прст) на гладно

Постапка на изведување на ОГТТ:

  1. Пред да се оптерети пациентот, се изработува  гликемијата на гладно и доколку таа е во границите 5,6-6,9 mmol/L се продолжува со изведба на  ОГТТ.
  2. Веднаш по првичното земање на крвта, на пациентот му се дава да испиете 75gr. глукоза растворена во 250 ml. вода
  3. По 120 минути од оптоварувањето, повторно се зема крв
  4. Во сите примероци се одредува концентрацијата на глукоза во крвта

ВАЖНО: ЗА ВРЕМЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕТО НА САМИОТ ТЕСТ ПАЦИЕНТОТ ТРЕБА ДА МИРУВА, НАЈДОБРО ДА СЕДИ, ДА  НЕ ЈАДЕ, ПИЕ И ПУШИ.

ДОКОЛКУ НА ПАЦИЕНТОТ МУ СЕ ОДРЕДЕНИ АНАЛИЗИ ВО 24 – ЧАСОВНА УРИНА (ВКУПНИ ПРОТЕИНИ, УРЕА, КРЕАТИНИН, МОЧНА КИСЕЛИНА, НАТРИУМ, КАЛИУМ, ВКУПЕН КАЛЦИУМ, МАГНЕЗИУМ, ФОСФАТИ, ХЛОРИДИ), ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИ СЛЕДНОТО:

 

  1. ПРЕДХОДНО ДА ДОЈДЕТЕ ВО ЈЗУ УИ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА ДА ГО ПРИЛОЖИТЕ УПАТОТ, ЗА ДА ВИ ДАДЕМЕ СООДВЕТЕН САД (КОНТЕЈНЕР) ЗА СОБИРАЊЕ НА УРИНАТА.

 

  1. КОГА ЌЕ БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ТРЕБА ДА ПОЧНЕТЕ ДА ЈА СОБИРАТЕ УРИНАТА СПОРЕД НАВЕДЕНАТА ПОСТАПКА.

 

Постапка за собирање на 24- часовна урина Прв ден:

  • Наутро по станувањето првата урина што ќе се измокри се исфрла.

 

  • Понатаму секоја наредна измокрена урина во текот на денот и ноќта се собира во дадениот сад (контејнер).

Вториот ден:

  • Наутро по станувањето се мокри и таа урина се додава во садот (контејнерот) во собраната урина од предходниот ден.

 

Во тек на собирањето садот (контејнерот) треба да го чувате затворен со неговиот капак,на ладно место.

ИСКЛУЧИТЕЛНО Е ВАЖНО ЦЕЛОКУПНАТА КОЛИЧИНА НА СОБРАНАТА УРИНА ДА СЕ ДОНЕСЕ ИСТИОТ ДЕН ВО ЈЗУ УИ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА ЗАЕДНО СО УПАТОТ НА КОЈ СЕ НАЗНАЧЕНИ ПОТРЕБНИТЕ ИСПИТУВАЊА ОД 7.30-10.00 ЧАСОТ.

 

ПОРАДИ КОМПЛЕТНОСТ НА ВАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ, ДОКОЛКУ НА УПАТОТ ВИ СЕ БАРААТ ПОКРАЈ АНАЛИЗИТЕ ВО 24 ЧАСОВНА УРИНА И АНАЛИЗИ ВО КРВ, ПОТРЕБНО Е ДА ДОЈДЕТЕ НАУТРО КОГА ЌЕ ЈА СОБЕРЕТЕ УРИНАТА.

 

ОД СОБРАНАТА 24- ЧАСОВНА УРИНА НЕМОЖЕ ДА СЕ ИЗРАБОТУВА АМИЛАЗА ВО УРИНА И УРИНАРЕН СЕДИМЕНТ, ДОКОЛКУ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗРАБОТАТ ОВИЕ АНАЛИЗИ ПАЦИЕНТОТ ТРЕБА ДА ОСТАВИ ПОСЕБНО УРИНА ЗА ТАА НАМЕНА.

ВО ЈЗУ УИ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА АНАЛИЗАТА ОГТТ (ОРАЛЕН ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ) СЕ РАБОТИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН СО ПРЕДХОДНО ЗАКАЖУВАЊЕ ОД 07.30 ДО 10.00 ЧАСОТ.

ТЕСТОТ СЕ ПОЧНУВА НАУТРО,  во 08.00 ЧАСОТ.

 

 Подготoвка на пациентката за изведување ОГТТ (орален глукоза толеранс тест)

 

  • Привремено треба да престане да зема витамини и глукокортикоиди.
  • Ден пред изведба на тестот 8-12 часа не смее да се внесува храна, да се избегнува пушење и физичко оптеретување. 30 мин. пред изведба на тестот  препорачливо е мирување.
  • Се зема утрински биолошки материјал- венска или капиларна крв на гладно

Постапка на изведување на ОГТТ:

 

  1. Пред да се оптерети пациентката, се одредува гликемијата на гладно и доколку таа е во границите 5,6-6,9 mmol/L ќе може да се изведе ОГТТ.
  2. по првото земање на крвта,   веднаш се дава да  се испие припремениот раствор од 75gr глукозa растворена во 250 мл.
  3. По 60 минути од оптоварувањето со глукоза се зема  повторно крв
  4. По 120 минути од првото земање, повторно се зема крв
  5. Во сите примероци се одредува концентрацијата на глукоза во крвта.

 

 

ВАЖНО: ЗА ВРЕМЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕТО НА САМИОТ ТЕСТ ПАЦИЕНТКАТА ТРЕБА ДА МИРУВА,  и дозволено е само да пие вода.

Подготовка:

  • Пред да се започне со собирање на 24-часовната урина, пациентот е должен да се придржува кон даденото упатство, и да поседува соодветен сад за собирање на урината во која има  10 мл. 37% димлива HCL (садот се подига од лабораторија со соодветен упат).
  • Три дена пред да се започне со собирање на урината се препорачува пациентот да не конзумира храна која содржи Ванилин (колачи или сладолед кои содржат ванила, банани, кафе, чај, какао, чоколадо, ореви, лимон, портокал), и терапија од типот на метилдопа.
  • Другата терапија пациентот ја консумира редовно,со исклучок на посебен договор на лекар-пациент.
  • Конзумирањето на течности е дозволено во нормални размери, без дополнително оптоварување на организмот.
    • Мокрењето се врши во сув и чист сад а потоа се префрла во темниот сад со конзерванс (предходно земен од лабораторија).
    • За време на собирањето на 24-часовната урина, темниот сад со конзервансот се чува на ладно место.

Собирање на 24-часовната урина:

  • Собирањето на урина започнува со втората утринска урина ( првата урина не се собира) и  продолжува со секоја наредна  во тек на целото дено-ноќие (24 часа) и завршува со првата утринска урина следниот ден.
  • Целокупното количество  на измокрена урина во текот на денот и ноќта се собира во темниот сад во кој има конзерванс.

 

ВАЖНО: ЦЕЛОКУПНА КОЛИЧИНА НА  УРИНА СЕ НОСИ  ИСТИОТ ДЕН  ВО ЈЗУ УИ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА ЗАЕДНО СО УПАТОТ НА КОЈ СЕ НАЗНАЧЕНИ ПОТРЕБНИТЕ ИСПИТУВАЊА ОД 7.30-10.00 ЧАСОТ.

Забелешка: Доколку институција во дадениот период не поседува специјални садови, истата процедура може да се изведе во стаклена тегла од 2л со затварач  во која се додава 10 мл. 37% димлива HCL ( која се издава во лабораторијата) . 

Последни Новости

Македонски (Macedonian)

× Close